За многумина Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во историјата на фудбалот. Неговиот договор со Манчестер сити истекува во 2025 година. Сè уште е рано да се предвиди дали Каталонецот ќе остане на клупата на Граѓаните или можеби ќе бара нов предизвик, но на ова прашање Гвардиола одговори во 2021 година. Тој тогаш рече дека по Сити сака да биде селектор на репрезентација која ќе игра на големите натпреварувања, без да прецизира дали тоа ќе биде по истекот на актуелниот договор со Манчестер сити или општо по завршувањето на оваа авантура.
Ваквите размислувања ги потврдува и неговиот биограф, кој вели дека една репрезентација никогаш нема да биде тренирана од Пеп Гвардиола.
„Мислам дека нема спортска причина зошто Гвардиола не може да биде тренер на шпанската репрезентација, но има социјална. Мислам дека има неколку социјални причини. Очигледно е дека би одбил да биде селектор на Шпанија и дека такво нешто не е можно. Значителен дел од Шпанците размислуваат поинаку од Пеп и затоа има голема пречка, но тоа е нешто социјално. Мислам дека тоа не е политичко. Мислам дека не би можело некогаш да влезе во плановите на Шпанската федерација, но поради таа причина. Ова би предизвикало непотребен конфликт за двете страни. Зошто би сакале да влезете во тој хаос? Јас така ги гледам работите“, вели биографот на Пеп Гвардиола.
Како што е познато, тренерот е од Каталонија, автономен регион во Шпанија, кој имаше обид преку референдум да дојде до својата независност, а токму Гвардиола беше еден од промоторите за независна Каталонија.