Бироф откри која е целта на Германија за дуелите со Македонија и Романија

Германската репрезентација ги прави последните подготовки пред двата дуела во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Некогашниот четирикратен светски првак прво е домаќин на Романија, а потоа ќе гостува во Скопје против Македонија, а Директорот на репрезентацијата, Оливер Бироф, верува во успех.

„Сакаме да сме меѓу најдобрите во светот и затоа секој меч е важен. Сакаме да покажеме интензитет во играта и сакаме да се пласираме на Светското првенство што е можно поскоро. Тоа може да го оствариме и по одигрување на следните два натпревари. За мене најважно е да ја задржиме формата која ја имавме во септември“, рече Бироф.

Голманот Мануел Нојер, кој го пропушти првиот тренинг, сега се врати меѓу соиграчите и ќе биде во комбинација за двата меча против Романија и Македонија.

По шест одиграни кола, Германија е убедлив лидер со 15 бодови, пред Ерменија, која има 11, Романија со 10 и Македонија со девет бодови. Македонија е единствената репрезентација која успеа да го изненади големиот фаворит откако победи со 2:1 на гости во Дуизбург.

 

- Оглас -

Најнови вести