29.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

„Бисер балкански“ ечи и во Австралија и тоа во чест на „лавовите“ од Престон (Видео)

Фудбалскиот клуб кој ги обединува македонските исселеници во Австралија, Престон лајонс, беше поразен во полуфиналето од разигрувањето за шампион на државата Викторија, од Хејделберг со 2-1 и со тоа ја заврши успешната сезона.

Сепак, она што ќе се памети и за што известуваат австралисиките медиуми се македонските навивачи, кои ги исполнија трибините и во текот на сите 90 минути не прекинаа да ги бодрат своите фудбалери со македонска песна.

Од видеото кое беше објавено на социјалните мрежи може да се види, но и да се слушне, како звучи „Бисер балкански“ од грлата на неколку илјади Македонци, навивачи на „лавовите“ од Престон.

- Оглас -

Најнови вести