„Бисер балкански“ и „Излези момче“ ечат и во Манчестер (Видео)

Македонската фаланга со традиционалната неформална химна „Бисер балкански“ ја загрева атмосферата во Манчестер пред дуелот против Англија во квалификациите за ЕП 2024.

Неколку стотина македонски навивачи се во фан зоната која им ја додели домаќинот за гостинските навивачи. Од грлата на македонската фаланга ечеше и „Излези момче“.

Инаку во пабовите може да се забележи како македонски и англиски навивачи заедно седат и пијат, а засега нема никакви инциденти. Нашите навивачи уште од рано утро се низ Манчестер и гордо го веат македонското знаме.

 

 

- Оглас -

Најнови вести