Бисерот на Барселона по осум месеци се враќа на терен

Еден од најголемите фудбалски таленти во светот, Ансу Фати, се очекува повторно да се врати на теренот во септември. Фати паузира осум месеци, во кои имаше дури четири операции на коленото по повредата здобиена во дресот на Барселона.

Според шпанските медиуми, 18-годишниот офанзивец е влезен во последната фаза од рехабилитацијата по тешката повреда.

Фати дебитираше за Барселона само на 16 години и веднаш го покажа целиот свој талент. Со 16 години и 304 дена тој стана најмладиот стрелец во историјата на клубот, а само 14 дена подоцна стана и намладиот играч кој дал гол, а имал и асистенција на еден меч на каталонскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести