Бисерот на Македонија вреди 40 милиони евра!

Дијамантот на Македонија вреди 40 милиони евра! Агентот на Елиф Елмас, Џорџ Гарди, за италијанските медиуми посочи дека во Наполи не се свесни дека имаат вистински бисер во своите редови, и покрај тоа што Елмас не игра на својата природна позиција.

Неговиот блесок против големата Германија, која воедно ја покори со победничкиот гол во 85-тата минута, со сигурност му ја зголеми цената на Елмас на фудбалскиот пазар.

„Прекрасен момент за Македонија. Само неколку месеци по пласманот на ЕП, ја победија големата Германија. Елмас и Пандев се херои на таа репрезентација. Елиф веќе се чувствува како еден од лидерите на Македонија и редовно игра на високо ниво во националниот дрес. Тој сака да игра по левата страна, да биде поофанзивен. Ужива во таа улога, но е доста флексибилен и може да игра каде што сака, но се плашам дека тоа може да му биде кочница во кариерата. Кога Елмас дојде во Наполи, на клупата беше Анчелоти, а сега е принуден да игра во друг систем и често е надвор од својата позиција, иако секогаш се труди неговиот настап да биде забележан. Наполи има вистински бисер во својот тим. Млад играч со лидерски атрибути кој се покажува и како голгетер за националниот тим. Фудбалер како Елмас вреди најмалку 40 милиони евра“, истакна Гарди.

Според „трансфермаркт“, цената на Елмас моментално изнесува 18 милиони евра и е најскап македонски фудбалер пред Енис Барди. За Наполи сезонава запиша 35 настапи во сите натпреварувања со три постигнати гола, но нема асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести