15.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Бисли сакал да го тепа тренерот Волтон по поразот на Лејкерс од Голден стејт

Голден стејт вориорс го победија големиот ривал Лос Анџелес лејкерс со 115:101, а по мечот било бурно во соблекувалната на најтрофејниот клуб во НБА лигата.

Тројцата ветерани во тимот на Лејкерс, Мајкл Бисли, Ленс Стивенсон и Џавал Мекги вербално го нападнале тренерот Лук Волтон, а во еден момент била спречена и физичка пресметка.

За гостите од Лос Анџелес не играше Леброн Џејмс, откако завчера имаше кам-бек по пауза од 17 натпревари. Популарните „езерџии“ имаат биланс од 27 победи и 26 порази, но се надвор од плејоф зоната, па има и незадоволство од работата на тренерот Волтон.

На паркетот незадржлив за тимот од Лос Анџелес беше Клеј Томпсон со 28 поени, а Кевин Дурант постигна 21 поен.

Повикот да игра на Ол-стар мечот очигледно му годи на Никола Јокиќ, кошаркар кој повторно забележа трипл-дабл. Центарот на Денвер постигна 13 поени, имаше и 16 скока и 10 асистенции во победата на неговиот тим со 107:106 против Минесота.

Најмногу поени во ноќта со 12 натпревари постигна Џејмс Харден, 43 во победата на Хјустон со 125:98 против Јута џез, а извонредни партии прикажаа и кошаркарите од Балканот.

Лука Дончиќ со 35 поени го предводеше Далас до победа од 111:98 против Кливленд, Бојан Богдановиќ уфрли 31 поен за триумф на Индијана против Мајами со 95:88, а Никола Вучевиќ беше прв стрелец со 24 поени на мечот меѓу Орландо и Бруклин што го доби домаќинот со 102:89.

Резултати: Детроит – Л.А. Клиперс 101:111, Шарлот – Чикаго 125:118, Орландо – Бруклин 102:89, Вашингтон – Милвоки 115:131, Кливленд – Далас 98:111, Мајами – Индијана 88:95, Голден стејт – Л.А. Лејкерс 115:101, Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:108, Минесота – Денвер 106:107, Феникс – Атланта 112:118, Јута – Хјустон 98:125, Сакраменто – Филаделфија 115:108. 

- Оглас -

Најнови вести