Битка која не смее да се пропушти – Полскиот бомбардер против фудбалскиот Бог

Со нетрпение се очекува спектаклот на „Да Луж“ во Лисабон кој треба да го приредат Баерн Минхен и Барселона. Самите имиња на екипите додаваат на тежина, а дополнителна сигурност дека ќе гледаме исклучително возбудлив натпревар носи директниот дуел меѓу Роберт Левандовски и Лионел Меси.

На едната страна ќе се заканува полскиот бомбардер, кој е неприкосновен оваа сезона и брои вкупно 53 погодоци во сите натпреварувања. Импресивни 53 гола на 44 настапи, од кои 13 му се во ЛШ, Левандовски дефинитивно ја игра сезоната на кариерата и во моментов ништо не може да му застане на патот. Впрочем, тој беше и прв фаворит за Златната топка пред „Франс фудбал“ да одлучи дека оваа година ќе нема доделување на престижната награда.

Кон голот на Баерн пак, односно на Нојер, ќе напаѓа добро познато лице. Лео Меси е во потрага по петтиот гол во шестата средба против Баварците. Аргентинецот држи баланс со две победи и исто толку порази против Баерн и едно реми, во кои постигна четири, а намести два гола.

Еден од најдобрите погодоци во кариерата Меси го постигна токму против германскиот првак. Сите се сеќаваат на моментот кога го натера Боатенг да седне на тревата и да сведочи на велемајсторија. Секако дека цел тим на Барса ќе се потпре на капитенот, само негово чудо може да ги одведе Каталонците до топ-4 фазата.

Големи се шансите еден од Левандовски и Меси да биде прв стрелец на средбата. За Полјакот да го скрши мразот, квотата е 3.50 во Sport Life, а за Меси да биде прв стрелец, коефициентот е рамно 5.

 

- Оглас -

Најнови вести