Дојде денот! Вечерва е круна на сезоната во европскиот клупски фудбал, Ливерпул и Реал Мадрид во Париз ќе се исправат еден против друг во битка за трофејот во Лигата на шампионите. Реал оди по 14-та, а Ливерпул по седма европска титула.
На „Стад де Франс“ ќе суди Французинот Клеман Турпен. Карло Анчелоти е прв со пет финалиња, а може да стане прв тренер со четири европски титули, Ливерпул игра трето финале во последните пет години, а ова финале може да го одреди и освојувачот на „Златната топка“.
Ливерпул на доминантен начин дојде до финалето, а Реал покажуваше неверојатен карактер и квалитет за да надмине три многу големи пречки.
Англичаните влегуваат во финалето како благ фаворит, но Реал кој ја освои титулата и во домашното првенство, нема загубено европско финале уште од 1981 година (токму од Ливерпул во Париз).