Женската фудбалска селекција на САД загуби со минимални 0-1 од Канада во првото поуфинале на турнирот во Токио.
Селекторот Влатко Андоновски не успеа да најде победничка тактика за да им овозможи на своите фудбалерки битка за златниот медал, па ќе се тешат со борба за бронзата во која ќе го дознаат послабниот противник од второто полуфинале меѓу Австралија и Шведска.
Реализираниот пенал на Флеминг во 74-тата минута го разочара стратегот oд Македонија и неговите избранички, кои важеа за големи фаворитки за златниот медал.
https://streamable.com/tu1q7i