Битка за Европа на „Маџари“, Шкендија и Силекс големи фаворити за победа (Фото)

Првата македонска фудбалска лига влегува во самиот финиш од првенството, а попладнево со почеток во 16 часот ќе се одиграат четири меча. Колото го отвори Вардар со победа над Беса од 3-1 уште вчера, додека треба да биде затворено утре со дуелот на Брера и Воска, кој ќе го добијат домашните со 3-0 службено, поради откажувањето на прволигашот од Охрид.

Попладнево најинтересно се очекува да биде во скопската населба Маџари, каде во битката за Европа се среќаваат Гостивар и Работнички. Екипата од Градски парк е на третата позиција со 52 бода, четири повеќе од четвртиот Гостивар. Квотите во Sport Life предност му даваат на домашниот состав со квота од 1.75, ремито има квота од 3.05, додека квотата за победа на Работнички е 4.40.

На врвот од табелата се Шкендија и Силекс, екипи од кои се очекуваат домашни победи. Во Тетово пред празни трибини поради казната на Шкендија гостува чаирски Шкупи, додека во Кратово, Силекс му е домаќин на се уште актуелниот шампион на Македонија, Струга. На последниот меч ќе има „братски“ дуел во Битола, каде Пелистер го пречекува Тиквеш.

- Оглас -

Најнови вести