Три натпревари од Премиер лигата и по еден од Серија А и Ла Лига, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Петте предлози заедно имаат фантастична квота од 70.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.50.
Од фудбалерите на Њукасл се очекува да бидат ефикасни против Евертон, а квотата од 2.50 ќе биде добитна само ако постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар.
Квотата од 1.95 за мечот на Нотингем форест и Челзи ќе биде добитна само ако има голови во двете полувремиња, и тоа помеѓу еден и три гола и во првиот и во вториот дел.
Манчестер јунајтед катастрофалната сезона ја завршува со меч против Астон вила на „Олд Трафорд“. Гостите се борат за пласман во Лигата на шампионите, па од нив се очекува да постигнат најмалку два гола, но и да примат барем еден. Квотата за овој меч е 2.45.
Јувентус со победа над Венеција ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите, па доколку го направи тоа во меч на кој ќе има помеѓу два и четири гола, квотата од 2.50 ќе биде добитна.
Атлетик Билбао и Барселона играат меч без резултатско значење, па се очекува да приредат вистинска голеада за љубителите на фудбалот. Квотата од 2.35 ќе биде добитна само ако бидат постигнати најмалку четири гола, но да се затресат двете мрежи.