Леброн Џејмс и Лука Дончиќ одиграа брилијантни партии баскет во „Американ Ерлајнс центар“ во Далас, а шоуто го украде Дени Грин. Тој погоди клучна тројка во поспедните секунди од регуларниот дел на мечот меѓу Далас и Лос Анџелес лејкерс за израмнување на 103:103.
Потоа се беше во знакот на гостите кои лесно го добија продолжението од пет минути и славеа победа од 119:110.
https://twitter.com/YahooSports/status/1190481390464196608?s=20
Леброн Џејмс имаше неверојатен трипл-дабл учинок од 39 поени, 16 асистенции и 12 скока, а негова беше асистенцијата до Грин за тројка во последен миг од регуларниот дел.
Одлично одиграа и Ентони Дејвис со 31 поен и 8 скока и јунакот на мечот Грин со 14 поени.
Кај домаќините Дончиќ постигна трипл-дабл скроен од 31 поен, 15 асистенции и 13 скока. Порзингис имаше учинок од 16 поени и 9 скокови, а Далас испушти сигурна победа во регуларниот дел. Дончиќ настрада во еден дуел со Двајт Хауард на 40 секунди до крајот на регуларниот дел, кога дојде до судир со главите.
Dwight Howard cut Luka's head open with his chin pic.twitter.com/f0GfNRoNPd
— Internet #BlackLivesMatter (@cjzero) November 2, 2019
Во останатите мечеви Сакраменто ја изненади Јута џез и славеше прва победа сезонава во НБА лигата со 102:101, Бруклин го победи Хјустон со 123:116, Индијана го надигра Кливленд и славеше со 102:95, Орландо загуби дома од Милвоки со 91:123, Бостон го победи Њујорк со 104:102, Чикаго го доби мечот против Детроит со 112:106, а Голден стејт вориорс загуби од Сан Антонио со 110:127.