Екипите на Башкими и Брера со нивниот меѓусебен дуел во Куманово ќе означат старт на 20-тото коло од Првата македонска фудбалска лига.
Двете екипи се во средината на табелата, но многу поблиску до опасната зона отколку до мирните води, па бодовите ќе бидат императив и за едните и за другите.
Квотите во Sport Life го фаворизираат Башкими со коефициент за триумф од 1.58, додека изненадување на струмичани има квота од 4.45. Ремито во Куманово има квота од 3.75.
Башкими во моментов е на петтата позиција со 26 поени, три повеќе од Брера, која е осма и во зоната за бараж, па затоа бодовите од овој натпревар се и повеќе од значајни за двете екипи.



