4.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Битка за престолот во Истанбул

3145 Горица – Динамо З. (18.00 часот)

Динамо Загреб мора да ја искористи лошата форма на Хајдук и со победа против Горица да се качи на првото место на табелата во хрватската лига. Динамо е тим кој има дадено 28 гола на 14 меча, што е просек од точно два по натпревар. Горица игра добро во последно време, освои седум бода на последните три меча и малку побегна од опасната зона. Модрите во четвртокот претрпеа убедлив пораз од Лил во Лига Европа, ова им е шанса за рехабилитација. Но, Горица ги доби последните два меѓусебни дуели, едниот на „Максимир“ пред два и пол месеци.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

2840 Фенербахче – Галатасарај (18.00 часот)

Во најголемото турско дерби екипата на Фенербахче влегува како благ фаворит затоа што уште немаат пораз сезонава (последниот пораз од турски тим им беше во мај), а и играат на својот стадион. Галатасарај е прв и има бод повеќе, па ова ќе биде директна битка и за врвот на табелата. Кај Галата има неколку повредени како Осимен, Лемина, Јунус Акѓун, а Шалаи и Елмали се суспендирани. Кај Фенер ќе го нема Сојунџу. Фенербахче од април 2022 чека победа на свој терен против најлутиот ривал.

Предлог тип: Х било кога (1.86)

 

3009 Болоња – Кремонезе (20.45 часот)

Според формата на двата тима, ова треба да биде чиста единица и победа на домашните. Болоња има серија од три победи по ред и тоа сите убедливи со барем два гола разлика, а кај Кремонезе ситуацијата е обратна, имаат три порази едноподруго во Серија А. Болоња е тим кој има примено скромни 8 гола на 12 меча, додека Кремонезе има дадено 13 гола на 12 меча. Болоња која повеќе од два месеци нема пораз, добрата форма ја потврди и пред четири дена кога со 4-1 го совлада Салцбург во ЛЕ. Интересно е дека последните три меѓусебни дуели на овие клубови во Болоња завршувале секогаш со истиот резулат 1-1.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.23)

 

1360 Рајо Ваљекано – Валенсија (21.00 часот)

Ова е посебен меч за Столе Димитриевски кој е легенда на Рајо и се враќа на стадионот на кој имаше многу феноменални партии и одбрани, а сега е резерва во Валенсија и ќе биде во улога на гостин на „Ваљекас“ во Мадрид. Рајо има три бода повеќе од Лилјаците. Валенсија победи во минатото коло и со оптимизам влегува во оваа битка. Хендикеп за домашните е неиграњето на Иси Палазон, а суспендиран е и Пате Сис. Од последните девет меѓусебни дуели на овие тимови, осум пати било со 0-2 гола. Валенсија сезонава свои само да бода на шест гостувања.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.19)

 

1022 Бирмингам – Вотфорд (21.00 часот)

После 17 кола, Бирмингам има еден бод повеќе од Вотфорд, а и двата тима се во добра форма. Домашните имаат три победи во последните пет кола, додека Вотфорд пет кола по ред не знае за пораз. Квотите велат дека Бирмингам е фаворит, но не би било изненадување ако не го победат Вотфорд. Традицијата е на страна на гостите, Бирмингам последната победа над Вотфорд ја извојува уште во 2014 година.

Предлог тип: ГГ (1.93)

- Оглас -

Најнови вести