Битка за тронот од соништата: Останаа осум кола во кои ќе одлучуваат Атлетико, Реал и Барса

Реал Мадрид го доби и второто Ел Класико против Барселона сезонава, Атлетико вчера киксна со ремито кај Бетис, по што трката за титулата во Шпанија на осум кола до крајот наиде на голема неизвесност.

Разликата меѓу трите претенденти за тронот е само два бода. Атлетико е лидер со 67 бода, Реал има 66, Барселона 65 бода, па затоа е тешко да се предвиди кој на крајот ќе се радува на титулата, а според распоредот, Кралевите имаат најлесен пат до одбрана на тронот.

Дербито меѓу Атлетико и Барселона во 35-тото коло може да одлучи многу, а евентуално реми оди во полза на тимот на Зинедин Зидан.

Меѓу потешки мечеви за Реал се двата домашни натпревари против Севилја и Вилјареал, како и непријатно гостување кај Билбао. Јорганџиите покрај дербито со Барса, треба ада се пресметаат уште со Билбао и Сосиедад како потешки средби, додека Барселона има гостувања кај Валенсија, Вилјареал и веќе споменатото кај Атлетико.

Распоредот натпревари на Атлетико, Реал и Барса до крајот на сезоната во Ла Лига:

31-во коло: Кадис – Реал Мадрид, Атлетико – Уеска, Барселона – Гранада

32-ро коло: Реал – Бетис, Вилјареал – Барселона, Атлетик Билбао – Атлетико

33-то коло: Атлетико – Ејбар, Хетафе – Реал, Барселона – Гранада

34-то коло: Елче – Атлетико, Реал – Осасуна, Валенсија – Барселона

35-то коло: Барселона – Атлетико, Реал – Севилја

36-то коло: Атлетико – Реал Сосиедад, Гранада – Реал, Леванте – Барселона

37-мо коло: Атлетик Билбао – Реал, Атлетико – Осасуна, Барселона – Селта Виго

38-мо коло: Ејбар – Барселона, Реал – Вилјареал, Валјадолид – Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести