Битката Волкановски против Топурија веројатно во февруари, во Лас Вегас?

Борбата помеѓу Александар Волкановски и Илија Топурија за титула во перолесна категорија во УФЦ веројатно ќе се одржи во февруари, во Северна Америка, а се спомнуваат градовите Лас Вегас и Торонто.

Австралиецот со македонско потекло е актуелен шампион во оваа категорија и ќе треба да го брани појасот, додека предизвикувачот е Шпанец со грузиско потекло и засега нема пораз во кариерата.

Волкановски откако беше нокаутиран од Ислам Махачев во битката за титула во лесна категорија, најави дека нема да се бори во лесна категорија, туку само во својата перолесна, каде што засега е неприкосновен, но и дека намера да паузира и побара да му организираат борба уште во јануари, а цел му беше УФЦ 297 настанот во Торонто на 20 јануари.

Но, од организацијата предводена од Дејна Вајт имаат поинакви планови. Нивната идеја е во Торонто да се бори Махачев со Чарлс Оливеира, а Волкановски и Топурија да си ги одмерат силите во февруари во Лас Вегас на УФЦ 298.

- Оглас -

Најнови вести