Битката за Манчестер и Наполи – Милан, главни предизвици во новото коло на Спортска прогноза

Новото, 26-то коло на забавната и бесплатна Спортска прогноза веќе е на менито, можете да прогнозирате од денеска до сабота во 15.30 часот и да бидете потенцијален добитник на премијата „ајфон 12“ или ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 и 500 денари.

Колото почнува со бундеслигашкиот дуел Волфсбург – Унион Берлин, кој се игра в сабота од 15.30 часот. Саботни мечеви на кои треба да го погодите конечниот тип се и Њукасл – Брајтон, Вулверхемптон – Кристал палас, Еспањол – Хетафе и Рома – Аталанта.

Недела носи осум пресметки, од кои две се големи дербија. Паровите се Џенова – Емполи, Болоња – Торино, Бордо – Троа, Нант – Монпелје, Ман. сити – Ман. јунајтед, Келн – Хофенхајм, Марсеј – Монако и Наполи – Милан.

Секако, најголемо внимание привлекува градското дерби на Граѓаните и Црвените ѓаволи во Манчестер, тоа ќе биде ретка прилика кога фановите на Ливерпул ќе сакаат Манчестер јунајтед да победи.

Многу интересно се очекува да биде и во Неапол, каде што Наполи и Милан, кои се на делба на првото место, играат меч за пол-позиција во трката за титулата во Италија. Тука трета заинтересирана страна е Интер, на кого веројатно најмногу би му одговарало дербито во Неапол да заврши нерешено.

Резервни двојки се Херта – Ајнтрахт и Бетис – Атлетико Мадрид и ако ги погодите, добивате поени на табелата во Генералниот пласман.

Со кликнување на копчето ПРОГНОЗИРАЈ, ќе ги видите сите парови и веќе можете да типувате.

 

- Оглас -

Најнови вести