Битката за Манчестер и за врвот во Серија А се топ-предизвици за учество во Спортска прогноза

Новото 26-то коло на Спортска прогноза носи нов предизвик од 13 натпревари што треба да се погодат прецизно за да се освои вредната награда „ајфон 12“, а во фокусот се две големи дербија што можат да бидат решавачки за титулите во Англија и во Италија.

Дербито за Манчестер меѓу Сити и Јунајтед ќе се игра задутре, од 17.30 часот, и е исклучително важно за двете екипи.

Ливерпул му се доближи на Манчестер сити и нов кикс на Граѓаните би значел огромен чекор назад во битката за одбрана на шампионската круна.

И Црвените ѓаволи си имаат свои сметки, а не смеат да загубат бидејќи со пораз можат да паднат на шестото место и надвор од зоната што води во Лигата на шампионите.

Голем е влогот и на дуелот на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол во недела, од 20.45 часот, а меѓу себе ќе играат Наполи и Милан.

Двете екипи со по 57 бода се на врвот во Серија А, но Интер со 55 има меч помалку и шанса да го разбие водечкиот тандем.

Од втор ред кикс на водечкото трио чекаат Јувентус и Аталанта, па трката за Скудетото е исклучително интересна и Наполи и Милан не смеат да си дозволат пораз.

Има уште 11 одлични натпревари на популарната Тринаесетка и сите се од Топ-5 лигите, што е познат терен за играчите на Спортска прогноза, кои ќе се обидат да стигнат до вредни награди што ги доделува Sport Life.

Во бесплатната и многу забавна игра се наградуваат и утките, па со еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари, а за погодени 11 мечеви ќе добиете ваучер од 500 денари.

За учество нема услови, освен да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна, па ви треба само добра стратегија и 13 погодени натпревари за „ајфон 12“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести