Битката за Рур е секогаш спектакл, победник ќе нема

Александар Васоски ќе биде гостин денеска на големото дерби на Рур, меѓу Шалке 04 и Борусија Дортмунд и прогнозира дека спектаклот од 14. коло во Бундеслигата ќе заврши без победник.

Поткрепа за типувањето на тренерот на Вардар е што и четири од последните пет натпревари меѓу големите ривали завршија нерешено. Му посакуваме да следи меч како ланскиот што се одигра во овој период и заврши со резултат 4:4 и тоа со невиден подвиг на Шалке 04, екипа која анулира негатива од 0:4 и освои бод.

 

Еве ги петте предлог типови со анализа на Васоски за дел од бундеслигашките дуели од 14. рунда: 

 

Шалке 04 – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Типувам дека повторно ќе биде нерешено, иако гостите од Дортмунд се фаворити. Шалке 04 нема лесно да се предаде, ваквите дерби дуели се малку поинакви од обичен меч, со повеќе интензитет, страст во играта и очекувам ново реми на големите ривали.

Предлог тип: Х (3.35)

 

Баерн Минхен – Нирнберг (Сабота, 15.30 часот)

Баерн влегува во серија, а Нирнберг нема сила да му парира на шампионот. И ова е дерби, се работи за солиден ривалитет на двете екипи од Баварија, но во овој момент мислам дека Баерн е пресилен за Нирнберг и очекувам домаќинот да ги разреши сите дилеми околу победникот уште по првото полувреме.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.56)

 

Волфсбург – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Овде очекувам доста голови на две разиграни и ефикасни екипи. Волфсбург го изненади Ајнтрахт во минатото коло, претходно го победи и Лајпциг што е доволен показател дека се во добра форма.

Според мене домаќинот е во мала предност, но тука е најдобро да се одигра на голови. Верувам дека ќе ги има доста во еден ефикасен меч со најмалку три прецизни удари.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

Баер Леверкузен – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Фармацевтите играат променливо и неочекувано имаат повеќе порази од победи во досегашниот тек од првенството. Но и имаат екипа која е подобра од таа на Аугсбург.

Очекувам домаќинот да се разбуди и да победи, иако двата тима се во интересна ситуација. Во последните 7 меѓусебни дуели дури шестпати одиграа нерешено. За посигурна варијанта тука би предложил да се одигра Т1&2+.

Предлог тип: Т1&2+ (1.63) Супер тип

 

Фрајбург – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Типувам двојка и триумф на гостите. Фрајбург е доста млад тим, неискуството доаѓа до израз во последно време и немаат победа на последните 4 меча.

Лајпциг доста инвестира во составот, имаат одлична финансиска ситуација и можности и верувам дека ќе ги освојат бодовите против Фрајбург.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести