Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“ ќе бидат епицентарот на ракометните случувања, бидејќи вечните ривали Вардар и Пелистер ќе водат битка за трофејот од Купот на Македонија.
Скопските „црвено-црни“ се најтрофејната екипа во ова натпреварување со 16 пехари, додека Пелистер има пет, но последниот го освоија во 2005 година. Токму битолчани се фаворити за освојување на Купот на Македонија после 20 години според квотите во Sport Life.
Квотата за победа на Еурофарм Пелистер е 1.75, додека Вардар има квота од 2.35. Доколку сметате дека нема да има победник после регуларните 60 минути, квотата за нерешено е 7.50.
Мечот во Охрид започнува во 17:30 часот.