Пелистер на домашен терен го пречекува Работнички во дуел на кој битолчани ја имаат првата меч-топка за пласман во финалето на кошаркарскиот плејоф на Македонија. Зелено-белите водат со 2:1 во победи и потребен им е уште еден триумф за да обезбедат место во финалето, каде од вчера е актуелниот бранител на тронот МЗТ Скопје Аеродром.
Пресметките меѓу Пелистер и Работнички се интересни и неизвесни што потврдува и фактот дека на последните осум меѓусебни дуели, по четири пати се радувале двата тима.
Според коефициентите во Sport Life, Пелистер ја има фаворитската улога, но Работнички знаел да изненади, па доколку Црвено-белите победат во Битола, решавачкиот петти меч ќе го играат на домашен терен.
Во последните две сезони МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер играа во финалето, па доколку битолчани денеска победат, по трет пат во низа ќе обезбедат место во пресмтката за титулата која уште ја немаат освоено.