Битола на нозе, доаѓа Вардар: Квотите велат дека Пелистер е фаворит за победа!

Најголемото фудбалско дерби во Македонија е повторно на менито. Пелистер во Битола ќе го пречека Вардар во рамките од 13 коло на Прва лига. Двата тима сезонава играат лошо, па затоа се во долниот дел од табелата. Пелистер е на осмото место со 13 бодови, а Вардар е последен, 12-ти со само осум бодови.

Овој меч ќе биде посебен затоа што ќе се игра под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Зелено-белите немаат победа на последните седум дуели (шест реми и еден пораз), а интересно е дека и традицијата кога се дуелите против Вардар, нерешениот резултат доминира. Во последните 10 дуели има седум средби без победник, Вардар се радувал само еднаш, а Пелистер два пати.

Квотите во Sport Life покажуваат дека Пелистер има поголеми шанси да стигне до победа, а и сите фудбалери на битолскиот тим најавуваат дека се подготвени за голема борба и „одмазда“ за поразот од пред три месеци кога загубија со 0:1 од Вардар во Скопје.

Ќе биде интересно и на останатите мечеви во ова коло, каде нема ниту еден изразит фаворит. Битка за првото место на табелата ќе водат Работнички и Шкендија на „Тодор Проески“ во Скопје, а Струга ТЛ треба да покаже зошто е актуелен првак на гостувањето кај Беса Добри Дол.

- Оглас -

Најнови вести