Битола на нозе: Прв пат се игра финален кошаркарски меч, а квотите не се на страна на Пелистер

МЗТ Скопје Аеродром го искористи домашниот терен и победи во првиот меч од финалето на кошаркарскиот плејоф, но сега Пелистер го има адутот наречен „пред своја публика“. Во салата „Боро Чурлески“ во Битола, во 18:30 часот ќе започне вториот финален дуел, а битолчани сакаат да израмнат на 1:1 во победи.

Во Битола уште од вчера владее еуфорија, а кошаркарите добија поддршка на Широк Сокак.

Според коефициентите во Sport Life, МЗТ Скопје Аеродром повторно ќе ја има фаворитската улога, но секако тоа не мора ништо да значи.

- Оглас -

Најнови вести