Битолчани како Јапонци, ја средија тип-топ соблекувалната во Дизелдорф

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го победија Мотор Запорожје со 33:30 на неутрален терен во Дизелдорф, а победата во ЕХФ Лигата на Европа ја прославија по јапонски тмодел – со средување на соблекувалната тип-топ.

Таа и буквално светеше по акцијата на пелистерци, кои очигледно ги фати позитивниот јапонски синдром.

И на теренот блескаа битолчани, особено Данецот Себастијан Хенеберг, кој постигна 14 гола од 16 удари и ги погоди првите 13 кога имаше и стоотстотен ефект.

Еурофарм Пелистер имаше и солидна поддршка од трибините од Македонци коишто живеат во Германија и по победата, ракометарите специјално им се заблагодарија за поддршката.

- Оглас -

Најнови вести