17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Битолчани лути на судиите, Еурофарм Пелистер поднесе жалба до РФМ

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра во Охрид од финалето од Купот на Македонија.

„Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски-Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време.

Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на било каков начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот“ – стои во соопштението на битолчани.

Слична ситуација, според пелистерци, постоела на натпреварот меѓу Тиквеш и Е. Пелистер во Кавадарци, на кој исто така судеа Металари и Николовски, кога на десет секунди пред крајот Хосни задржал време во последен напад, потег за кој играчот на „зелените“ добил црвен картон, а Тиквеш добил пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести