Битолчани немаа шанси за подвиг, Шафхаузен одигра како швајцарски часовник (Видео)

Кадетен Шафхаузен повторно се покажа како незгоден ривал за Еурофарм Пелистер и по ремито во Битола 25:25, вечерва го победи македонскиот тим со 29:26 во последниот меч во фазата по групи во Европската лига на ЕХФ.

Пелистерци речиси и немаа шанса за подвиг и победа во Швајцарија, што можеше да им го донесе и второто место во Д групата и полесен противник во нокаут-фазата.

Шафхаузен постојано имаше предност, а по првото полувреме домаќините водеа со 16:12, што се покажа и како недостижна предност.

Во вториот дел Швајцарците повторно беа подобри, поведоа со 21:15 на дваесеттина минути до крајот, што беше решавачко за тие да бидат втори во Д групата, зад лидерот Рајн Некар Левен и пред ГОГ и Еурофарм Пелистер во квартетот екипи што ќе играат во нокаут-фазата во премиерното издание на Лигата на Европа на ЕХФ.

Пелистер ќе игра против Магдебург во нокаут-фазата за пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа на ЕХФ.

 

- Оглас -

Најнови вести