Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер побарал вајлд-карта за место во Лигата на шампионите, а за седумте специјални покани конкурираат 12 клубови.
За новата сезона во ЛШ за мажи, сигурни се 9 клуба (Алборг, Барса, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк и Спортинг Лисабон), а преостанатите седум места ќе се пополнат со специјална покана.
Освен Е. Пелистер, кој минатата сезона имаше 14 порази на 14 меча во ЛШ, на вајлд-карта се надеваат и Загреб (Хрватска), Фредериција (Данска), Бидасоа (Шпанија), Нант (Франција), ПИК Сегед (Унгарија), Елверум (Норвешка), Кјелце (Полска), Порто (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) и Татран Прешов (Словачка).
ЕХФ ќе ја соопшти одлуката на 21 јуни, откако барањата ќе бидат разгледани од комисија два дена претходно.