Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва пред себе имаат нов предизвик во Лигата на шампионите. Актуелниот шампион на Македонија гостува во Полска, на дуел против Висла Плок. Битолчани минатото коло одиграа нерешено во Спортинг Лисабон на домашен терен, па со добар резултат посакуваат да се вратат и од Плок.
Според квотите во Sport Life, екипата од Полска е фаворит со квота од 1.13, но затоа квотите за изненадување се фантастични. Победата на Еурофарм Пелистер има квота од 8.25, додека за нерешено е уште поголема, 12.50.
Во богатата понуда на Sport Life за натпреварите од ракометната Лига на шампиони се и играчите за најпопуларната игра „плус-минус“ голови. Филип Кузмановски, Богдан Радивојевиќ и Жарко Пешевски од екипата на Еурофарм Пелистер се дел од оваа понуда, но и уште многу други ракометари. Комплетната понуда може да ја погледнете ТУКА.