24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Битолчани верни на традицијата, паричката кај Господ, утре тој нека ни помогне да победиме!

Македонските навивачи денешниот слободен ден на првенството го искористија за прошетка низ убавиот Краков, некои беа и во рудникот за сол кој е светска атракција, но не заборавија на Василица да ја испочитуваат православната традиција и да кршат лепче со паричка.

На битолските љубители на ракометот кои се секаде каде што настапува националниот тим на големи натпреварувања, не им е првпат на овој празник да се во странство, па и годинава ја продолжија традицијата.

Паричката се паднала кај Господ, и навивачите веруваат дека тоа е добар знак, и оти Господ утре ќе им помогне на ракометарите да ја победат Холандија.

- Оглас -

Најнови вести