14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Битолчани веруваат и затоа уплаќаат на џиновската квота дека Пелистер ќе го победи Вардар (Фото)

Кога играат Вардар и Пелистер тоа секогаш е фудбалски празник во Македонија. најголемото дерби денеска ќе се игра во Битола. Без разлика каде се на табелата, во каква форма се наоѓаат двете екипи, секогаш постои неизвесност и тензија како на теренот така и на трибините.

За денеска, Вардар е огромен фаворит за победа, барем така велат квотите во Sport Life. Сепак, очигледно дека битолчани не се согласуваат со тоа. Во градот на конзулите веруваат дека нивниот миленик денеска може да победи, па не случајно уплаќаат за победа на Пелистер.

Не се малку тикетите на кои битолчани веруваат дека зелено-белите може да им донесат голема радост на реновираниот стадион „Петар Милошевски“. Еден од тикетите кои ни пристигнаа, очигледно е тактички пресметливо уплатен.

На 200 вложени денари за „кец“, односно победа на Пелистер, на квота од 18.2, можната добивка е 3.132 денари, односно точно 50 евра. Јасно е дека битолчани со ваквите уплати очекуваат двоен ќар, а тоа е да имаат полно срце со радост, но и одлична заработка по вечното дерби со Вардар.

- Оглас -

Најнови вести