Ждрепката за ракометната Суперлига на Македонија сакаше во последното коло да играат Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер и на тој дерби-меч во Скопје на 7 или 8 јуни ќе биде прогласен првакот.
Битолчани се фаворити за одбрана на трофејот, а според коментарите по социјалните мрежи на нивните фанови, убедени се дека нивниот омилен тим среде Скопје ќе ја прослави новата титула, што би им ја направило прославата послатка бидејќи ќе биде на теренот на лутиот ривал.
Вардарци во првото коло имаат дерби со Алкалоид, додека Е. Пелистер стартува со гостување кај Тиквеш во Кавадарци.