Битолско славје сред Скопје: Пелистер и трета година по ред е шампион на Македонија!

Еурофарм Пелистер и трета година по ред е шампион на Македонија! Битолчани дојдоа до деветтата титула во историјата и тоа не било како, туку со победа над Вардар на негов терен, пред преполната сала „Јане Сандански“.

Старо-новиот шампион на Македонија победи со 30-32 и заслужено дојде до одбрана на титулата.

Првото полувреме мина во знакот на Вардар, со оглед дека „црвено-црните“ имаа водство од високи 15-10, но битолчани до паузата успеаја да намалат на 17-15. Сепак, во второто полувреме следуваше голема драма. Еурофарм Пелистер најпрво израмни на 19-19, а до крајот најчесто на семафорот беше нерешено, а „зелено-белите“ првото водство го имаа во финишот од мечот.

До крајот на мечот следуваше игра на нерви, а немаше да биде незаслужено кој и да дојдеше до трофејот. Вардар во финишот промаши два пенали, Еурофарм Пелистер последната минута ја одигра со играч помалку, но сепак не само што успеа да се одбрани, туку и да погоди за плус два, а тоа значеше дека титулата останува во Битола.

- Оглас -

Најнови вести