Бивш голман со брз рефлекс ја спаси главата на хрватската Дилета Леота (Видео)

Поранешниот голман Иван Келава во емисија во живо направи херојски потег, со брза реакција спречи повреда на водителката Валентина Милетиќ.

Додека го анализираа мечот Локомотива – Риека, дуваше многу силен ветер и еден рефлектор почна да паѓа кон атрактивната Валентина. Келава го забележа тоа, почна да вика „Пази, пази, пази“ и со рефлексна реакција не дозволи рефлекторот да ја повреди водителката.

Откако успеа, некогашниот голман на Динамо и Удинезе се пошегува на своја сметка и искоментира: „Еве, успеав да одбранам нешто“.

Валентина на „Инстаграм“ порача: „Знаеме кому му припаѓа одбраната на годината. Респект“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести