Бизарен автогол ја прати Португалија во финалето на ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Португалија ќе игра во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година откако минимално со 1:0 се радуваа против соседот Шпанија. Пред мечот, Шпанците беа фаворити и имаа повеќе шанси, но не постигнаа гол.

Клучниот момент се случи на 10 минути пред крајот, кога Жорге Куенка си даде несреќен автогол. Погодокот кој ја прати Португалија во финалето може да го видите ТУКА.

Португалија во мечот за златото ќе игра со подобриот од средбата меѓу Холандија и Германија, каде што Панцерите имаат предност од 2:0 по 25 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести