24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Бизарен случај го натера на оставка стручњакот за офанзива во англиската репрезентација

Бизарен случај во Англија што се случи лани летото го принуди Алан Расел да ја напушти репрезентацијата на Гордиот Албион непосредно пред стартот на Европското првенство.

Човекот што му беше асистент на селекторот Герет Саутгејт и задолжен за напаѓачката формација на англиската репрезентација си поднесе оставка поради случајот од јули лани.

Расел му дозволил на својот брат во алкохолизирана состојба да го управува неговото возило, кое било нерегистрирано, па по казната од полицијата целиот настан се претвори во мини-скандал во Англија, што го принуди асистентот на Саутгејт да си поднесе оставка.

Расел се вклучи во работата на стручниот штаб на Англија во 2017 година и беше стриктно задолжен за тактика и подготивка на напаѓачите на Гордиот Албион.

Паралелно работеше како помошник тренер во шкотски Абердин, а клубот најави дека ќе има санкции, но и дека Расел ќе остане на својата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести