Двајца бразилски политичари решија на необичен начин да видат кој е подобар, па влегоа во октагонот. ММА борбите се многу популарни, а овојпат во „клинч“ влегоа двајца политичари, а не борци.
Симао Пексото е градоначалник на градот Борба во Бразил, а во рингот влезе да се бори против некогашниот советник Еренеу Алавес де Силва, познат под прекарот Мирико.
Двајцата политичари имаа многу несогласувања и јавни вербални конфликти. Двајцата се нарекуваа со навредливи имиња, па ситуацијата „зовре“ до тој степен за двајцата да прифатат да влезат во октагонот и физички да се пресметаат.
По три рунди, со одлука на судијата победи градоначалникот Пексото, иако и Мирако претходно даде неколку силни лоукик удари.
A vida imita o meme e, em Borba, no Amazonas, o prefeito da cidade, Simão Peixoto (PP) lutou contra o ex-vereador Erineu Alves da Silva na madrugada desse domingo (12) no que, sem muito exagero, pode ser considerado uma ‘rinha de políticos’. pic.twitter.com/bmzkiBB2za
— O Tempo (@otempo) December 13, 2021