Бизарна одлука: Ги отворија трибините, но максимум може да има по ОСУММИНА гледачи

Изминатиов викенд стартуваше новата сезона во шведскиот фудбал. Во оваа земја првенството започнува во април и трае до ноември. Во првото коло се одиграа сите осум меча, а една бизарна одлука го привлече вниманието на фудбалска Европа.

Одлуката на шведските власти беше да се дозволи да има гледачи на трибините на фудбалските мечеви, но максимум на трибините може да има само ОСУММИНА гледачи!

Шведска моментно е земја во која стапката на заразени со опасниот корона-вирус е меѓу најголемите во Европа. Последните бројки велат дека имаат по 625 новозаразени на милион жители. И покрај високата стапка на заразени, во Шведска без никакви рестрикции работат трговските центри, зоолошките градини, каде што, секако, може да има повеќе од ОСУМмина посетители, за разлика до стадионите.

Колку за споредба, во понеделникот во зоолошката градина во Стокхолм имало повеќе од 5.000 посетители, а истиот ден на стадионот на АИК беше дозволено да има само осуммина навивачи. Тимот од Стокхолм дома победи со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести