Бизарна повреда: леташе змеј и сега мора да оди на операција

Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета доживеа една од најбизарните повреди во светот на фудбалот. Пакета ги играл со летало (летал змеј), кога во еден момент фудбалерот си ја исекол раката.

Расекотината била длабока, па Пакета сега мора да оди на операција.

„Сеќавањето на детските игри истотака може да има последици. Бев да пуштам змеј и си ја исеков раката. Се е во ред, но за да немам последици во иднина, мора да одам на операција“, објасни Пакета.

Бразилецот имаше одлична сезона во Лион, а поради стилот на игра и фактот дека еден период беше во дресот на Милан, го доби прекарот „Новиот Кака“.

- Оглас -

Најнови вести