21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Бизарна повреда на еден од најдобрите играчи во НБА (Видео)

Еден од главните играчи на Бруклин, Кајри Ирвинг, синоќа не го доигра четвртиот меч против Милвоки бакс, а неговиот тим загуби. На средината од втората четвртина, Ирвинг во една акција под кошот успеа да погоди, но при доскокот, згазна директно на ногата на Јанис Адетокумбо и го повреди зглобот.

Ирвинг остана да лежи на паркетот, а потоа беше изнесен од теренот.

„Во следните неколку дена ќе знаеме каква е ситуацијата со Ирвинг. Ги стискаме палците за да добиеме добри вести“, вели тренерот на Бруклин, Стив Неш.

 

- Оглас -

Најнови вести