Бизарна повреда на играч на Реал, може да паузира до Нова година

Реал Мадрид во следните неколку меча нема да може да смета на Лукас Васкес, кој заработи бизарна повреда. Офанзивниот играч на Кралскиот клуб сам се повреди, и тоа додека вежбал во теретана. Васкес кревал тегови, кога во еден момент еден од теговите му паднал директно на ногата и му ги повредил прстите.

Се претпоставува дека Васкес ќе мора да паузира неколу недели, а во Реал би биле задоволни ако го видат на теренот пред Нова година. Васкес сезонава одигра девет меча и даде еден гол, а имаше и асистенција.

Ова не е прв пат шпански фудбалер да се повредува на бизарен начин. Пред две години, Марко Асенсио, неговиот соиграч од Реал Мадрид, мораше да паузира поради здобиена инфекција на ногата додека се бричел. Најголем трагичар е некогашниот голман на Валенсија и шпанската репрезентација, Сантијаго Кањизарес. Тој мораше да го пропушти Светското првенство во 2002 година откако додека се туширал, на ногата му паднало и се скршило шишенце од лосион и заработи расекотина на ногата која го одалечи од Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

 

- Оглас -

Најнови вести