Бизарна ситуација: Француски клуб ќе патува 16.000 километри за да одигра натпревар од Купот

Францускиот петтолигаш Тонвил за противник во Купот на Франција ја доби екипата на Хенхене спорт и дотука нема ништо чудно освен ако се знае дека Хенхене е клуб од Нова Каледонија, земја која се наоѓа во Пацификот.

Екипите од прекуокеанските територии на Франција имаат право да се пријават и да се натпреваруваат во Купот, па токму Тонвил ја имаше таа (не)среќа да добие противник од Нова Каледонија и да патува повеќе од 16.000 километри само за еден меч.

Фудбалскиот сојуз на Франција им понуди на екипите од Нова Каледонија, Мартиник и останатите прекуокеански земји натпреварите да ги играат во Франција, секако на трошок на Сојузот, но тие го одбија тоа.

Секако дека петтолигашот Тонвил нема финансиски средства за да патува 32.630 километри за еден натпревар, па сите трошоци ќе ги покрие Фудбалскиот сојуз на Франција.

- Оглас -

Најнови вести