Холандија доминира во натпреварување во брзо лизгање на сите натпреварувања, но тоа не беше случај на мешаната тимска трка на 500 метри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Тие поставија олимписки рекорд од 2:35.537, но на крајот не освоија ниту медал, па мораа да се задоволат само со петтото место во генералниот пласман, иако имаа за неверојатни четири секунди подобро време од Италија, која го освои златниот медал пред Канада, Белгија и Кина.
Причината е фактот што Холанѓаните испаднаа во полуфиналето поради падот на Ксандра Велцбоер, па мораа да се натпреваруваат само во Б-финалето, кое одлучуваше за пласман од петтото до осмото место и не беа дел од големото финале и распределбата на медалите.
Олимпискиот рекорд го поставија токму во Б-финалето, па затоа и се случи ваква бизарна ситуација во која иако беа најдобри, сепак на крајот не освоија медал.

