Бизарна ситуација во БиХ: Ја премачкаа трибината со свинска маст за да нема гостински навивачи

Во 24-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина играа „фенерџијата“ Слога од Добој и сараевски Железничар. Гостите на крајот победија со 0-3, но она што го направиле домашните навивачи пред мечот го привлече вниманието на медиумите не само во регионов, туку и пошироко.

Навивачите на Слога ја премачкале гостинската трибина со свинска маст, веројатно алудирајќи на верската исповест на гостите, се со цел да ги спречат да присуствуваат на стадионот во Добој. Организаторот започна да истура песок на трибината за да ја неутрализира и исчисти свинската маст, па навивачката група „Манијаци“ влезе на стадионот пред крајот на првото полувреме.

На стадионите на Балканот може да се види се и сешто, но се чини овој потег на навивачите од Добој ги премина сите граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести