Бизарна ситуација се случи на мечот од бугарското првенство помеѓу екипите на Арда и Левски. Пред почетокот на мечот имаше минута молк во чест на поранешниот фудбалер на домашните, Петко Ганчев, но тој е жив и здрав, а раководството на Арда добила погрешна информација. Луѓето од клубот од Крџали без да ја потврдат информацијата, го известиле делегатот и гостите дека ќе има минута молк, а потоа со официјално соопштение се извинија.
„Почитувани новинари и навивачи на Арда, раководството на клубот сака да му изрази големо извинување на нашиот поранешен фудбалер Петко Ганчев и на неговото семејство бидејќи до нас пристигна погрешна информација за неговата смрт. Сакаме на Петко да му посакаме уште многу години здравје и да ужива во успесите на Арда“, напишаа од клубот.