Бизарна смрт на хокејски голман: Го погоди огномет во градите додека бил на свадба

Летонскиот хокејски голман Матис Кивлениекс трагично го загуби животот откако бил погоден со огномет во градите. Од ударот на огнометот, несреќниот Кивлениекс се здобил со тешки изгореници на градите и срцето, па лекарите само констатирале смрт.

Кивлениекс беше голман на НХЛ-екипата Колумбус, а несреќата се случила во куќата на тренерот на голманите во овој клуб, Мани Легас. Во куќата биле собрани голем број пријатели кои го славеле Денот на независноста на САД, но и венчавката на ќерката на тренерот.

Бил запален огномет, кој изненадно се накривил и почнал да прска наоколу, каде што имало многу луѓе. Еден од огнометите завршил директно во градите на Кивлениекс, а лекарите кои за брзо време пристигнале, немале шанса да го спасат несреќниот 24-годишен летонски голман.

Полицискиот поручник Џејсон Маер првично рекол дека Колумбус бил во џакузи и сакајќи да избега од огнометот, се лизнал и паднал со главата на плочките. Подоцна сепак било констатирано дека повредите на градниот кош биле кобни.

Колумбус бранеше за Летонија на неодамна завршеното Светско првенство, а во првиот меч успеа да ги одбрани сите 38 удари на Канаѓаните за историска прва победа над Канада од 2:0.

- Оглас -

Најнови вести