Бизарна смрт на шпански фудбалер, врз него паднала палета со 1 тон млеко

Смртта на 27-годишниот шпански фудбалер Давид Буста, ја шокираше јавноста во Шпанија, најмногу поради начинот на кој играчот на Ланера го загуби животот.

Буста не бил целосно професионален фудбалер, туку заработувал пари и од работење во супермаркет. Во магацинот на супермаркетот, додека работел на дигалка, врз него паднала палета полна со кутии со млеко. Палетата била тешка еден тон и Давид бил смачкан.

Така, за жал тој нема да дочека да заигра во Сегунда Б лигата во која Ланера се пласираше минатиот месец. Ланера досега играше во третата дивизија, во групата составена од екипи од покраината Астурија.

- Оглас -

Најнови вести