27.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Бизарно: Ексфудбалер на Барса гризнат од куче во пределот на гениталиите

Поранешниот напаѓач на Барселона, Рома, Селта и Хетафе, Карлес Перес, кој летово стана член на солунскиот Арис, беше хоспитализиран откако куче го каснало за гениталиите.

Според информациите, фудбалерот го шетал своето куче, кое било нападнато од друго и додека го бранел, другото го нападнало.

Играчот не е во многу сериозна состојба, но раната била шиена со шест конци и се очекува наскоро да се врати во тимот доколку не биде потребна операција.

Клубот Арис му изрази поддршка на Шпанецот и му ги направи сите потребни подготовки доколку се донесе одлука за поднесување тужба против сопственикот на кучето напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести