Бизарно финале: Украинка не сакаше да игра против Русинка, замената за неа беше машки тенисер

Егзибицискиот турнир во Франција имаше бизарен завршеток со борба на половите и тоа откако украинска тенисерка одби да игра против Русинка.

Украинката Марта Костјук не сакаше да игра против 16-годишната Мира Андрејева бидејќи е Русинка и поради тоа организаторите се одлучија на бизарна замена, против младата тенисерка играше маж.

https://twitter.com/Alice10204652/status/1736664684642615393?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1736664684642615393%7Ctwgr%5E7dc5f06d850a09a85e3f242a3814542931cfce1d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2023mm%3D12dd%3D18nav_id%3D2451947

„Поради причините кои немаат врска со нас и геополитичката ситуација во Украина, Марта нема да игра против Мира. Направивме се за да ја активираме нашата мрежа на професионални играчи, но немавме доволно време да пронајдеме адекватна замена. Поради тоа Јанис Гажуани Дуран ќе игра против Мира“, стои во соопштението на организаторот на турнирот.

https://twitter.com/eretzsport022/status/1736395983045763235?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1736395983045763235%7Ctwgr%5E6a95233a3a8ae200fbbadc51cf6777e2ecac5a8a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2023mm%3D12dd%3D18nav_id%3D2451947

 

На крајот победи 1.145-тиот тенисер на АТП ранг-листата, Дуран со 7:5,6.2, но пехарот го крена 16-годишната тенисерка.

„Ова ми е првпат да добијам трофеј иако загубив. Се надевам дека е и последен“, изјави Андрејева која годинава дојде до четвртфиналето на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести