Бизарно интервју на некогашниот фински ски-скокач: „Јане Ахонен веќе не постои“!

Еден од најдобрите ски-скокачи во историјата, Финецот Јане Ахонен, се повлече од овој спорт во 2018 година како 41-годишен, тоа беше негово трето и последно повлекување од ски-скоковите, а сега тој живее сосема поинаков живот.

Ахонен во кариерата има две олимписки сребра, десет медали од светски првенства, од кои пет златни, а петпати ја освојуваше познатата новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

По пензионирањето, прво работеше во Финската скијачка федерација, но поднесе оставка и се посвети на работа во автомобилската индустрија. Ахонен сега дизајнира, реконструира и продава луксузни кампери и приколки за живеење.

Повремено го викаат да биде стручен аналитичар на телевизија, но не се доживува себеси како спортска легенда.

„Некогашниот национален херој на Финска, Јане Ахонен, веќе не постои. Имав среќа да водам привилегиран живот, но, за среќа, тоа време заврши“, вели Ахонен во интервјуто кое зачуди многу скокачки легенди.

- Оглас -

Најнови вести